Рецепт за торта со јагоди и крем без печење

Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја оваа лесна торта со јагоди, која се прави многу едноставно...

recept-za-torta-so-jagodi-i-krem-bez-pechenje-01.jpg

Сезоната на јагоди почнува, па затоа уште со првите јаготки направете ја оваа слатка торта. Ако ја направите еднаш, ќе ја правите во текот на целата сезона.

Потребни состојки:

За филот:

  • 7 шолји сечкани јагоди
  • 2 лажици сок од портокал
  • ¾ шолји шеќер
  • Прстофат сол
  • 2 лажици нишесте, изматено со 3 лажици вода

За тестото:

  • 6 лажици несолен путер
  • 28 суви колачиња со фил

За кремот:

  • 2 шолји шлаг
  • ¼ шолја шеќер во прав
  • Прстофат сол
  • 4 суви колачиња со фил
  • 5 јагоди (поголеми)

Начин на подготовка:

  • Ставете ги во длабок сад јагодите, сокот од портокал, солта и шеќерот и убаво измешајте ги за да се спојат. Ставете го садот врз средно силен оган и постојано мешајте додека да се растопи шеќерот.
  • Кога ќе бидат сварени јагодите, додајте го нишестето растопено со водата, па варете со постојано мешање уште 10 минути.
  • Тргнете го садот од огнот и оставете да остине околу 30 минути на собна температура. Потоа смесата ставете ја во фрижидер уште околу 30 минути.
  • Во посебен сад ставете го путерот и стопете го во микробранова печка.
  • Сувите колачиња со фил ставете ги во ќеса, затворете ја убаво и искршете ги со толчник или сукало за да добиете смеса во вид на песок. Ставете ги во садот со стопен путер.
  • Кога колачите и путерот ќе се спојат убаво, смесата ставете ја на дното на калап во кој ќе го редите колачот. 
  • Врз основата истурете го филот од јагоди и распоредете го рамномерно. Вратете го во фрижидер, каде што треба да отстои најмалку 6 часа. 
  • Пред да ја послужите тортата, изматете ја шлаг пената со шеќер во прав, па ставете ја најгоре.
  • Украсете ја тортата со неколку колачиња и јагоди.

Бонус видео:

View this post on Instagram

A post shared by Lee McGuire (@laneandgreyfare)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg