Дневен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Дневен хороскоп за Стрелец - понеделник, 6 мај 2024

Потребна ви е промена во секојдневието – најдете време за нова забавна активност пред да ве надвладее стресот.

Немојте да се форсирате со премногу обврски и посветете си време само за себе.

Во љубовта наскоро ќе ги остварите вашите желби, само треба да бидете трпеливи уште некој период.

Неделен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4

6 до 12 мај 2024

Љубов: Ако сте во врска, ќе се изненадите што се случува со партнерот, веќе не можете да го испровоцирате или нервирате, тој веднаш ви одговара на таков начин што се чувствувате малку глупаво и затоа сменете ја вашата тактика. Слободните Стрелци лесно може да влезат во нова љубовна врска.

Работа: Можни се интересни понуди од лица кои се занимаваат со приватен бизнис или работат со странци. Обидете се да не бидете воинствени кон луѓето кои се со повисок ранг од вас, особено кога ве критикуваат, бидејќи тие се добронамерни, што и да мислите за тоа. Ќе добиете пари од роднина или родител, без разлика колку години имате.

Здравје: Време е да се фокусирате на вашето тело и ум. Вклучете активности како јога, медитација или долги прошетки во природа за да најдете рамнотежа и спокојство.

Совет: Релаксацијата е императив.

Месечен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

мај 2024

Работа: Колегијалните односи и иновациите се тема овој месец, ќе бидете полни со идеи, но за да ги реализирате и да реализирате креативни проекти ќе ви треба поддршка и соработка од колегите и соработниците. Преземете водечка улога и останете отворени за перспективите на вашите соработници, фокусирајте се на филтрирање и интегрирање на сите добри идеи, за да ја насочите колективната енергија кон развој и напредок. Овој месец можете да најдете дополнителен извор на приходи, преку хонорарните задачи, кои лесно ќе ги завршите и кои ќе ви донесат препораки за понатамошни ангажмани. Оние што се занимаваат со приватен бизнис ќе бидат успешни и тоа ќе им причинува особено задоволство.

Љубов: Овој месец можете да ја доживеете радоста и возбудата од спонтаното поврзување. Прегрнете го неочекуваното бидејќи новите познанства може да се претворат во значајни пријателства и многу повеќе. Вашата способност за прилагодување ќе ви помогне да го пронајдете својот пат во новите врски, а вашиот отворен ум ќе ви помогне да ги проширите вашите хоризонти. Во партнерските односи, можеби е време да ја подигнете врската на повисоко ниво, заедно да донесувате важни одлуки и да си поставите реални цели, со цел да избегнете стрес и разочарување на почетокот на заедничкиот живот или на некоја друга важна пресвртница во врската. Споделете ги вашите лични сознанија со вашиот партнер.

Здравје: Енергијата ви е висока, затоа искористете го овој период за збогатување на вашиот живот со нови знаења од областа на духовниот и интелектуалниот раст. За да  се ослободите од стресот, одете во теретана, трошете енергија и експериментирајте со нови форми на вежбање, како и со начинот на исхрана и детоксикација. Избегнувајте прекумерен напор, слушајте ги потребите на вашето тело.

Годишен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

2024

Стрелци, во 2024-та ќе се фокусирате на работи од кои сте бегале во минатото, но сега ви делуваат многу привлечно и забавно.

Ова ќе биде и година за голем личен развој и себеспознавање.

Некои од вас ќе имаат голем успех на љубовен план, а други ќе напредуваат во кариерата.

Ќе имате чувство дека живеете во бајка и дека сè околу вас е идеално и совршено.

Иако имате слободен дух и не сакате да планирате работи однапред, кога е во прашање љубовта, ќе сакате да знаете точно на што сте.

Ова е и година на патувања, а со оглед на тоа дека сте авантуристи, ќе ја искористите секоја можност за да прошетате.

Ако чувствувате нервоза или анксиозност, обидете се да се смирите со јога или медитација.

Кариера и финансии

Во 2024-та се можни големи промени на финансиски план, но на подобро.

Познати сте по тоа што сакате да ризикувате и секогаш сте оптимисти, па тоа ќе ви дојде добро следната година.

Уште на почетокот на годината можете да почнете со свој бизнис или да прифатите уште една (хонорарна) работа, која ќе ви донесе екстра приход.

Сепак, не се залетувајте и добро размислете пред да се впуштите во некаков финансиски потфат, а ако треба побарајте и стручен совет.

Повеќето непромислени одлуки ќе ви се исплатуваат, но важно е да направите баланс помеѓу ризичните потези и тоа да имате сигурно тло под нозете.

Некои Стрелци ќе сакаат да вложат во криптовалути, но повторно, имајте предвид дека и криптовалутите носат голем ризик.

Не инвестирајте повеќе од она што можете да си дозволите да го загубите – однапред размислувајте за потенцијалните загуби.

Ако имате можност, едуцирајте се во однос на инвестициските стратегии или консултирајте експерт, а дури потоа повлечете го последниот потег и потпишувајте документи.

Љубов

Во текот на целата година очекувајте измешани емоции, големи подеми и падови.

Од ова ќе научите неколку лекции и до крајот на годината ќе почнете да размислувате потрезвено од претходно.

На почетокот на 2024-та ќе се појават искри меѓу вас и некој што го знаете одамна, а за кого никогаш не сте мислеле дека може да ви го привлече вниманието.

Некои Стрелци ќе ја продлабочат врската со партнерот и ќе имаат чувство дека никогаш не биле посреќни, ни поблиски со него.

Бидете отворени со партнерот ако сакате мир во домот или во врската.

Организирајте семејни прослави и заеднички активности кои ќе ве зближат дополнително.

Ако сте во брак, можно е некој што знае дека не сте сингл, упорно да ви се наметнува и да пробува да ве освои.

Обидете се да одолеете на неговиот шарм, колку и да ви годат на егото слатките зборови.

Ако имате потреба за малку личен простор и време за себе, кажете му го тоа јасно на партнерот.

Здравје

Во 2024-та ќе се соочувате со променливо здравје. На моменти ќе бидете „здрави како дрен“, а брзо потоа нема да можете да станете од кревет поради силна настинка.

Обидете се да го смените животниот стил и да се фокусирате повеќе на здравјето.

Вежбајте повеќе, применувајте балансирана исхрана, не претерувајте со ништо.

Одете на здравствени прегледи и барем еднаш во текот на годината проверете ги срцето, видот и бубрезите.

Колку што можете повеќе поминувајте време на отворено и на чист воздух.

Планинарете, возете велосипед, трчајте, пливајте и ова нека ви стане секојдневна рутина.

Но, важно е да се посветите и на менталното здравје – не дозволувајте да ве вадат од такт работи на кои не можете да влијаете.

Размислете за јога или медитација, може да се изненадите од ефектот што ќе го имаат над вас.


  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg