Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дружење

Чизкејк во чашка

Потребно:

За основата:

  • 300g мелени бисквити
  • 180g растопен путер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 50g мелени ореви 

За филот:

  • 250g маскарпоне сирење, омекнато
  • 300g кисела павлака
  • 100g шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 400ml изладена слатка павлака
  • 500g готов фил од вишни

Начин на подготовка:

  • Во сад промешајте ги сите состојки за да ја направите основата.
  • Во друг сад ставете го маскарпонето, киселата павлака, шеќерот во прав и ванилата. Изматете додека не добиете изедначена смеса.
  • Додајте ја хоплата и матете со миксер додека не добиете густ фил.
  • Во чашки ставете од смесата со мелени бисквити, а потоа малку од филот. Ставете од филот со вишни и повторете ја истата постапка уште еднаш.
  • Наросете мелени бисквити за декорација.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-64.jpg

Мини Павлови пуслици

Потребно:

  • 5 белки
  • 100g бел шеќер
  • 100g светло кафеав шеќер
  • 1 лажица нишесте (густин)
  • 1 лажичка алкохолен оцет

За фил:

  • 300ml слатка павлака
  • Неколку свежи јагоди, исечкани на коцки
  • Гранчиња свежо нане, за декорација

Начин на подготовка:

  • Во сад ставете ги белките, белиот и светло кафеавиот шеќер. Матете 10-15 минути со миксер додека не добиете цврст снег од белки.
  • Потоа, додадете го оцетот и нишестето и промешајте уште еднаш.
  • Префрлете од смесата во тавче обложено со хартија за печење, така што ќе формирате 6 мали пуслици.
  • Печете ги во загреана рерна на 130 степени околу 60-70 минути.
  • Оставете комплетно да се изладат, а потоа изматете ја слатката павлака не многу цврсто и нанесете ја во средишниот дел на секоја пуслица.
  • Украсете со парчиња исечкани јагоди и сервирајте со гранче свежо нане.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-60.jpg

Медитерански џин пунч

  • 1l џин со вкус на портокал
  • 1l газиран сок со вкус на лимон и лимета
  • 400ml кисела вода
  • мраз
  • парчиња лимон и портокал

Промешајте ги сите состојки заедно и послужете со многу мраз.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-18_copy.jpg

Декоративни варени јајца

Потребно:

  • 10 варени јајца
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица мајонез
  • сол и мелен црн бибер по вкус
  • прстофат црвен пипер
  • ситно иселчкан власец, за декорација

Начин на подготовка:

  • Најпрво, пресечете ги сварените јајца на половина и отстранете ја жолчката.
  • Во длабок сад испасирајте ги жолчките заедно со сенфот, мајонезот, солта и мелен црн бибер, па префрлете ја смесата во готварски шприц.
  • Филувајте ги белките и декорирајте ги со црвен пипер и ситно исечкан власец.

crnobelo-na-veligdenski-ruchek-kaj-davor-dave-s-kitchen-9-vkusni-jadenja-vapsani-jajca-i-opushteno-druzhenje-14.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg