„Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот го сакам затоа што ми е подарен од многу драга особа. Имам едно цвеќе „обетка“ од мајка ми. Донесов гранче, го посадив и денес е едно од најубавите растенија во дворот“ - вели во интервју за CRNOBELO.com Елизабета (Бети) Беноит Донев, Македонка која живее во Франција. Таа открива како успеала да го создаде природниот рај пред нејзиниот дом, но и кои закони важат во Франција, кога станува збор за уредувањето на дворчињата.